ЈСП градски автобус / Фото: Слободен Печат / Драган Митрески

Возач на ЈСП нагло закочил, дете паднало и се повредило, мајката пријавила во полиција

Жена од скопското село Кондово вчера пријавила во полиција дека нејзиниот 12-годишен син тешко се повредил во автобус на скопското Јавно сообраќајно претпријатие (ЈСП), кога шоферот нагло закочил.

„На 03.11.2025 во 19:00 часот во СВР Скопје, М.С.(41) од с.Кондово, скопско, пријави дека на 01.11.2025 околу 16:45 часот на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, додека се возел во автобус на ЈСП, возачот нагло закочил, при што нејзиниот 12-годишен син паднал и се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, пишува во полицискиот билтен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот