Фото: Daniel Stoehr / Flickr

Воз со пет вагони-цистерни со фосфорна киселина излетал од шините во источна Србија

Пет цистерни со фосфорна киселина излетале од шините синоќа на железничката пруга Ниш-Зајечар, помеѓу станиците Матејевац и Сврљиг, во близина на селото Врело, јави Радио-телевизија на Србија (РТС).

Компанијата „Железничка инфраструктура на Србија“ ја потврди несреќата, но додаде дека ниту една цистерна не се превртела и дека нема опасност по луѓето во ниту една форма.

Според најавите на компанијата, сообраќајот на пругата треба да биде целосно обновен до вечерва.

ВИДЕО: Босанец падна од карпа во Дубровник, исчезна во бесното море

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот