Вонредна седница на косовскиот Парламент, ќе се разговара за укинување на таксите

Парламент во Косово/Фото: ЕПА

Таксите на производите од Србија и БиХ, кои се зголемени за 100 отсто, ги воведе владата на Харадинај во ноември 2018 година.

Косовскиот Парламент денеска ќе одржи вонредна седница, на барање на 41 опозициски пратеници, по најавата на премиерот Албин Курти за постепеното и условно укинување на таксите за производите од Србија и БиХ.

Курти минатата недела најави дека од 15 март таксите ќе бидат укинати на суровините, а доколку, како што наведе, Белград тоа го сфати како знак на добра волја за продолжување на дијалогот и бидат отстранети пречките, тогаш таксите ќе бидат целосно укинати од 1 април во траење од 90 дена.

Во спротивно, нагласи Курти, ако Србија не ги испочитува косовските барања, таксите ќе бидат вратени од 15 јуни до примената на реципрочните мерки.

Опозицијата, посебно Алијансата за иднината на Косово на Рамуш Харадинај, на чија иницијатива се собрани потписите за одржување на денешната вонредна седница, е против укинувањето на таксите до постигнување конечен договор и меѓусебно признавање.

Таксите на производите од Србија и БиХ, кои се зголемени за 100 отсто, ги воведе владата на Харадинај во ноември 2018 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот