Волшебно решение: Вратете ги сјајот и бујноста на вашите растенија со само три состојки
Многу луѓе користат хемикалии кога нивните растенија почнуваат да венеат или да се сушат. Сепак, постои цела низа на природни намирници кои ќе ги оживеат вашите растенија и ќе го поттикне нивниот раст, пишува „Крстарица“.
Препорачано
Тајната е во кората на бананата и лушпата од јајцето. Ќе ви требаат следниве состојки:
– кора од банана
– една лажица мелено кафе
– лушпа од едно јајце
Сите состојки ставете ги во блендер и изблендирајте ги со 300 мл вода. Наводнете ги вашите изнемоштени растенија со добиениот раствор и резултатот ќе биде видлив следниот ден.
Можете да го користите и решението за здрави растенија кои ги поседувате и тие ќе станат уште побујни и зелени. Ако сакате вашите цвеќиња секогаш да изгледаат здрави, периодично нанесувајте го растворот на вашите растенија.
Бананите се полни со калиум, фосфор и калциум, кои се хранливи минерали кои им помагаат на растенијата во процесот на закрепнување. Фосфорот во бананите исто така им помага на корените и придонесува за растот на нови растенија.
Лушпите од јајцата содржат преку 30 проценти калциум. Секоја лушпа содржи околу 4 милиграми калциум. Лушпите се богати и со магнезиум, фосфор, калиум, натриум и околу 5 проценти органска материја, која е хранлива за почвата во која ги засадувате растенијата. Ако не ги измиете лушпите, содржината на органската материја може да биде поголема.
Исто така, добро е еднаш неделно да ги бришете растенијата со влажна крпа за да ја отстраните прашината од листовите, што овозможува подобар проток на воздух.


