Војната го одложи бараж натпреварот на Украина за пласман на СП во Катар

фото: EPA-EFE/JEAN-CHRISTOPHE BOTT

Натпреварот од полуфиналниот бараж натпревар за пласман на Светското првенство во Катар помеѓу Шкотска и Украина кој требаше да се игра на 24 март е одложен, потврди претседателот на УЕФА, Александер Чеферин. Причина за одложување на натпреварот е војната во Украина.

Чеферин најави дека натпреварот сигурно нема да биде одигран до јуни што значи дека до лето нема да бидат познати сите учесници на Светското првенство во Катар. Украина и Шкотска се наоѓаат во групата А во бараж групата заедно со Велс и Австрија.

Во баражот за пласман на СП во Катар ќе настапи и Македонија која на 24 март и гостува на Италија. Победникот од тој дуел на 29 март ќе игра со победникот од натпреварот помеѓу Португалија и Турција по што ќе биде познат патникот на Мундијалот од групата Ц.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот