Вода со лимон: Популарната утринска напивка може да ја оштети забната глеѓ

Фото: Pexels

Многу луѓе пијат вода со лимон секое утро. Оваа напивка е популарна затоа што помага за добро варење, го зголемува внесот на витамин Ц и му дава свежина на телото. Но, некои стоматолози предупредуваат дека оваа напивка може да биде штетна за глеѓта на нашите заби поради лимонската киселина,

Според некои истражувања од 2019 година, научниците откриле дека водата со лимон може да го „забави“ стареењето, како и да помогне во зајакнувањето на цревниот микробиом во нашето тело.

Грижата за забите е еден од императивите на здравјето. Правилната утринска и секојдневната хигиена на забите е исклучително важна , а тоа е многу повеќе од само четкање и конец двапати дневно. Секако, не треба да ја изоставуваме храната, па затоа треба да внимаваме што јадеме и пиеме.

„Многу луѓе пијат премногу чај и кафе, кои оставаат темни дамки на нивните заби. Меѓу популарните напивки е и водата со лимон, која може да биде штетна за оралното здравје“, изјави стоматологот Калед Касем.

Навраќајќи се на некои од најзборуваните трендови во 2023 година, стоматологот Касем истакна дека треба да внимаваме кога пиеме вода со лимон, која иако освежува, е и многу кисела.

„Не е изненадување што водата со лимон продолжува да биде популарен тренд бидејќи има многу докажани здравствени придобивки од оваа напивка. Таа е извор на хидратација и витамин Ц, го поддржува здравјето на кожата, го помага варењето и се тврди дека го забрзува метаболизмот. Но, ја оштетува забната глеѓ“, рече Калем.

Лимоновиот сок е многу кисел и може да ја кородира глеѓта, така што забите можат да станат подложни на болести на непцата. Доколку забележите некакви рани во устата, исклучете ги цитрусните напитоци од вашата дневна рутина, советува стоматологот.

Фото: Pexels

Сепак, не мора да се откажувате од оваа утринска навика. Ова се советите на стоматологот:

– пожелно е да се користи ладна вода со лимон , бидејќи топлата вода е подобар растворувач, па лимонската киселина во топлата вода повеќе ја оштетува забната глеѓ.

– препорака е да се намали количината на лимонов сок – ефектот е ист.

– користете сламка, бидејќи на тој начин напивката се спушта низ грлото и не доаѓа во допир со забите. Пожелно е да се користи сламка за газирани пијалоци и сокови.

– откако ќе испиете вода со лимон, исплакнете ги забите со обична вода. Ја нормализира плунката, што помага да се реминерализира глеѓта.

– наместо вода со сок од лимон, може да се користат и капки есенцијално масло од лимон.

– измијте ги забите дури по еден час откако ќе ја испиете напивката, бидејќи водата со лимон ја омекнува глеѓта, па четката може да ја оштети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот