Во Зубин Поток осамна натпис „Кога војската ќе се врати на Косово“, полиција покрена „интензивна истрага“

Фото: Kossev

Косовската полиција вчера покрена „интензивна истрага“ и отвори случај за „предизвикување омраза, поделби и нетрпеливост“, поради натпис испишан на јавна површина покрај главниот пат во општина Зубин Поток, во северно Косово, кое е населено со мнозинско српско население.

Во денешното соопштение на полицијата се вели дека „на заштитниот ѕид на влезот во градот е пронајден натпис со поттикнување омраза“, а како што пренесоа медиумите, станува збор за натписот на српски јазик „Кога војската ќе се врати на Косово“.

За случајот бил известен обвинителот, додаваат од полицијата, а интензивните увиди се во тек.

Граѓаните на оваа општина вчера наутро за прв пат го забележале натписот, кој бил испишан на ѕидот кај автобуската постојка на главниот пат меѓу Северна Митровица и Зубин Поток.

Како што наведува косовскиот портал на српски јазик „Коссев“, графити со истиот натпис со недели се испишуваат во неколку градови во централна Србија, но и во Република Српска и во Црна Гора.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот