Во зависност од преливот и салатата може да биде нездрава храна

Дури и самиот збор „салата“ асоцира на здравје, па поради тоа често во неа додаваме различни состојки, без да обрнеме внимание на порциите, калориите и нутриентите. Идеалната салата треба да биде урамнотежена и да содржи околу 4-5 додатоци, кои пружаат различни вкусови и нутриенти.

Но, не мора да бидете нутриционист за да подготвите совршена комбинација – за почеток избегнувајте ги овие додатоци:

Пржени и похувани додатоци – за жал, крцкавиот и пржен кромид или тротилја чипс практично ќе ја претворат салатата во нездрава храна. Пржените производи можат на салатата да ѝ дадат крцкав вкус, но со него ќе добиете и значителна количина калории и преработени јаглехидрати.

Сланина – не само што сланината е богата со маснотии (само две резанки содржат околу 7 грама маснотии и приближно 100 калории), преработеното месо сè почесто се поврзува со ракот на дебелото црево. Ако сакате да подготвите салата со богат вкус, сланината заменете ја со пилешко.

Кашкавал – тој главно се состои од маснотии и содржи многу повеќе калории отколку што луѓето веруваат. Но, ако не можете без него, секако внимавајте на количината што ќе ја додадете во салатата. Не треба да е повеќе од една тенка резанка.

Суво овошје – може да го најдете во купечките салати најверојатно засладено со дополнителен шеќер, а голема е шансата во салатата да го има премногу. Исто така, овошјето во тек на дехидрација губи од својот волумен и дел од водата, поради што ќе добиете помала количина отколку во салатата да сте додале некое друго свежо овошје.

Кремасти преливи за салати – најчесто содржат сериозна количина калории, шеќер, вештачки додатоци, заситени масти и натриум. Ако салатата содржи многу повеќе состојки богати со калории (на пример, кашкавал и јаткасти плодови) секако прескокнете ги преливите и додајте малку лимонов сок. Витаминот Ц ќе му помогне на телото во апсорпцијата на железото од зеленчукот, а ако вкусот на лимон не се вклопува во салатата, можете да ѝ додадете малку маслиново масло кое е одличен извор на витамин Е и здрави масти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот