Во Загреб откриена трета грозоморна порака за неколку дена упатена до Србите

Откако во изминатите неколку дена Српското народно собрание откри две навредливи пораки упатени до Србите, од кои едната беше напишана на транспарент, вториот беше во Загреб, третата порталот Index како порака ја доби од читателка.

Пораката е напишана во населбата Света Клара во Чавоглавска улица, блиски до детска градинја. На ѕидот е нацртано дрво на кое има обесено луѓе и крај него пишува „Serbian family tree”. Според изјавата на Мирјана Шагар Мушкиња таа била згрозена од пораката која се наоѓа во близина на детската грданика.

Првата порака беше во четвртокот кога Bad Blue Boysi објавија транспарент на кој пишуваше „Ќе е.еме српски жени и деца“. Вчера шестмина млади се приведени од полицијата поради тој транспаернт и против нив ќе биде поднесена кривична пријава. Станува збор за момчиња на возраст од 19 до 22 години кои го направиле тој трансперент.

Вчера Српското народно собрание на својот Твитер профил објави уште една слика од Загреб на која се гледа заканувачка порака упатена кон Србите.

„Во хрватскиот град Вуковар, многу четници ги оставија брадите. На исте ќе ви ги скршиме прстите, а не само три. Убиј го Србинот“ пишува на една зграда во Загреб.

Полицијата за овој случај започнала истрага.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот