Во време на коронакриза се подготвува Лигата на богатите

EPA-EFE/RODRIGO JIMENEZ

Англискиот таблоид „Сан“ тврди дека е се поблиску до реализација на затворена Лига на богатите.

Пандемијата на коронавирусот им носи огромни загуби на фудбалските екипи и поради тоа повторно се подгреаја шпекулациите дека најголемите европски клубови планираат конечно да го реализираат проектот, затворена Лига на богатите.

– Фудбалот во Европа се наоѓа пред големи промени. Лигите и клубовите го достигнаа максимумот за ТВ правата, приходите од натпреварите, спонзорствата и маркетингот во своите лиги. Поради тоа, не постои подобар момент од актуелниот за да го направат следниот потег. Да се формира толку озборуваната затворена Лига. Фудбалот се менува, и дали вие мислите дека сопствениците се грижат за традицијата на постоечките натпреварувања или за парите и приходите – вели инсајдер за „Сан“.

Едни од најголеми заговорници на вакво натпреварување се екипите како Јувентус, Баерн Минхен и ПСЖ, а интересно е што челниците на најголемите клубови планирааат да поканат во Лигата да се натпреваруваат и не толку финансиски моќни екипи.

Тоа се  екипи кои имаат голема база на навивачи, како што се Селтик, Ајакс, Галатасарај и единствениот клуб од овие простори кој има шанса да се најде во вакво натпреварување е Црвена звезда.

Засега пречка кон реализацијата на овој проект се ФИФА и УЕФА кои претходно се заканија со судски постапки доколку се започне со формирање на ново натпреварување каде најсилните екипи ќе играат помеѓу себе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот