Во Велика Британија пронајдени остатоци од морски црв стар 425 милиони години

Фото: Принтскрин/ Икс/ Richie Howard

Остатоци од праисториски морски црв стар 425 милиони години  се откопани во британското село Лентвардин.

Научниците веруваат дека овој црв (Radnorscolex latus) живеел на дното на океанот пред 425 милиони години, кога Британските острови биле под вода, пишува „Гардијан“.

Анализата на остатоците покажува дека црвот имал грло што можело да се испакнува за да фати храна на дното на океанот, а според Ричи Хауард од Природонаучниот музеј во Лондон, црвот наликува на џиновските црви од познатиот холивудски филм. „Дина“.

„Мислиме дека тие не биле многу пребирливи кога станува збор за хранење и веројатно си го заглавувале грлото во калта и грабнувале сѐ што ќе најдат“, рече Хауард.

Овој црв, кој веројатно пораснал до максимална должина од осум сантиметри, имал повеќе редови остри заби и еден вид кука на главата, со кои се држел на земја и се движи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот