Во Турција уапсени дваесетмина осомничени за поврзаност со ИД

Полиција во Турција/ Фото EPA-EFE/NECATI SAVAS

Турските власти приведоа во Анкара 20 лица осомничени за учество во активностите на терористичката организација „Исламска држава“ во турската престолнина, соопшти Главното обвинителство.

Акцијата беше спроведена од страна на Дирекцијата за борба против тероризмот, под раководство на обвинителството.

Истовремено, турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја соопшти за операции спроведени во 56 области на земјата, во кои се приведени 147 лица, осомничени дека се членови на криминални групи и дека извршиле измама.

При операциите било утврдено дека групите извршиле финансиска измама на штета на јавни институции и организации, манипулација со понуди, фалсификување пари, како и изготвување лажни лични документи.

Јерликаја им честиташе на дирекциите за борба против тероризам и организиран криминал, како и на полициските власти во сите окрузи за успешно спроведените операции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот