Во Србија и вечерва аплаузи, удирање по тенџериња против диктатурата и контрапротести (ВИДЕО)

После аплаузот за поддршка на медицинските лица и акцијата „Со бучава против диктатура”, се случија и контра-протести на приврзаниците на владеачката партија.

Низ цела Србија и вечерва за време на полицискиот час граѓаните во 20 часот аплаудираа во знак на поддршка на медицински работници кои се борат против епидемијата на коронавирус, а пет минути подоцна од прозорците и терасите, удираа по тенџериња, и со свирки и музика го изразија своето незадоволство од потезите на властите.

Акцијата „Подигни глас: Со бучава против диктатурата” ја покренаа иницијативата „Не дави го Белград” и „Граѓански фронт”.

Музика и тенџериња се слушаа и во Ниш, Нови Сад, Крагуевац и во други градови во Србија.

Аплауз и свирежи се слушнаа и пред народното собрание, каде лидерите на опозицијата организираа протест против, како што кажаа, „неуставното воведување на вонредната состојба и мерките за затворање на српските граѓани “.

После аплаузот за поддршка на медицинските лица и акцијата „Со бучава против диктатура”, се случија и контра-протести на приврзаниците на владеачката партија, со малку помал интензитет од вчера и без факели, изразувајќи пораки на поддршка на Српската напредна странка, со критики на опозицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот