Во штипско Ново Село одбележани 95 години од смртта на Тодор Александров

Во штипско Ново Село денеска беше одбележана 95-годишнината од смртта на Тодор Александров. Секоја година одбележувањето и панихидата ги организира Здружението за одбележување  настани и личности што потекнуваат од оваа стара штипска населба. На панихидата во црквата во Ново Село присуствуваа и претставници на политичките партии на ВМРО ДПМНЕ и ГДУ.

– Како и секоја година досега и оваа сме овде да му оддадеме чест на вечниот претседател на ВМРО, Тодор Александров. Денес одбележуваме 95 години од убиството на овој голем човек, рече  Иван Јорданов, претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ – Штип.

Претседателот на ГДУ Петар Колев, пак, побара по Тодор Александров да биде именувана  улица.

– Мислам дека е редно по 28 години Тодор Александров да добие своја улица во Штип. И тоа нашите членови, идни советници ќе го предложат . Се надеваме дека ќе ја добиеме поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, зашто ако тие сакале да го направат тоа, досега имале доволно време – рече Колев.

Жителите на штипско Ново Село, како и делегации на политичките партии, ја посетија и спомен-плочата на Тодор Александров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот