Во САД донесен првиот закон против дискриминација на витканата коса – Слободен печат
ЖенаМагазин

Во САД донесен првиот закон против дискриминација на витканата коса

Во оваа легислатива се вклучени и културолошки елементи, особено кај припадниците на одредени раси, култури и традиции кои даваат поинакво значење на обликот, формата и текстурата на фризурите.

На почетокот на јули Калифорнија стана првата држава каде стапува на сила легислативата против дискриминација врз основа на витканата коса или фризури слични на неа.

Њујоршката комисија за човекови права ја поднесе иницијативата уште во февруари, повикувајќи на заштита на луѓето кои избираат да носат „природна, третирана или нетретирана коса која вклучува локни, плетенки, афро-фризура и слични“ како и на нивното право да ја негуваат како што сакаат.

Во оваа легислатива се вклучени и културолошки елементи, особено кај припадниците на одредени раси, култури и традиции кои даваат поинакво значење на обликот, формата и текстурата на фризурите.

Со ова, се забранува влијание на мнозинството, вклучувајќи и наставници и работодавци, да бараат од лицата да ја променат фризурата поради одредена цел.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close