Во посебни садови да се става отпадот од животинско потекло

Во пресрет на верскиот празник Курбан Бајрам граѓаните да бидат внимателни и да го одлагаат отпадот од животинско потекло во посебни садови од пет метри кубни што ќе бидат поставени на неколку локации во Скопје. Целта е да не се загадува животната средина, да се спречи ширење непријатна миризба и евентуални зарази. 

Ова денеска го соопштија директорот на ЈП „Комунална хигиена” – Скопје Абдусамед Шабани и градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу пред Мурат-пашината џамија во Старата скопска чаршија.

– Од вчера почнавме поголема акција за миење на верските храмови се со цел да ја подигнеме јавната свест на граѓаните дека чистотата не зависи само од „Комунална хигиена”, туку од сите граѓаните кои живеат во овој град, изјави Шабани.

Садови од пет метри кубни ќе бидат поставени во општините Чаир, Шуто Оризари, Бутел, Гази Баба и Сарај.

Градоначалникот Ганиу информира дека граѓаните ќе бидат информирани за точните локации каде ќе бидат поставени садовите преку верските објекти и поглаварите, преку веб-страниците на „Комунална хигиена” и на Општина Чаир.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот