Ковид-19 во Индија/ Фото: ЕПА

Во Њу Делхи, за првпат после 49 дена, помалку од 1.000 новозаразени со коронавирусот

Во Индија досега од Ковид-19 починале повеќе од 28.000 луѓе.

Во Њу Делхи денеска за првпат после 49 дена се регистрирани помалку од 1.000 новозаразени со коронавирусот, додека многу индиски држави во последните денови воведуваат мерки за борба против вирусот.

Индија минатата недела стана трета земја, по САД и Бразил, која надмина еден милион луѓе заразени со вирусот. Сепак, експертите веруваат дека ова е многу помал број од реалниот број на заразени бидејќи во Индија нема доволно тестови за Ковид-19.

Во Индија досега од Ковид-19 починале повеќе од 28.000 луѓе.

Денеска се регистрирани 954 случаи на зараза во Њу Делхи. Ова е прв пат после 49 дена бројот на заразени да не надминува 1.000. Во индискиот главен град дневно се заразуваа и до 4.000 луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот