Во недостаток на храна, поларните мечки се јадат едни со други: Некои ги јадат и своите младенчиња!

profimedia

Руските научници се изненадени со феноменот кој станува сè позачестен на Арктикот, а при кој доаѓа до појава на канибализам меѓу поларните мечли. Како причина за ова се наведуваат климатските промени и експлоатирањето на фосилното гориво на споменатото подрачје, пренесува Дејли мејл.

Топењето на мразот предизвикано од глобалното затоплување, но и подигнувањето компании на подрачјето на Арктикот, им ја одзема можноста за лов на поларните мечки, па тие во потрага по храна се напаѓаат меѓусебе, а почнуваат да ги напаѓаат дури и своите младенчиња.

Profimedia

„Случаите на канибализам во ретки случаи им се познати на научниците и од претходно. Извор на нашата загриженост е што појавата на канибализмот стана толку честа што сега мечките ги напаѓаат и женките со младенчиња“, рекол научникот Илја Мордвинцев, експерт за поларни мечки.

На презентацијата во Санкт Петербург тој истакна дека за подемот на канибализмот меѓу поларните мечки веројатно е одговорен недостигот на храна.

„Во некои периоди едноставно нема доволно храна и поголемите мажјаци ги напаѓаат женките со мали мечиња“, рече тој.

Но додаде и дека можна причина за тој пораст е и фактот што повеќе луѓе работат на Арктикот и ги бележат ваквите случаи.

– Подрачјето околу Опскиот Залив и Баренцовото Море, каде што ловат поларните мечки, сега е фреквентна маршрута за бродовите што носат течен природен гас. Недостатокот на мраз и санти мраз кои пловат го намалува бројот на фоките кои престојуваат или се одмораат на нив. Обскиот залив, кој отсекогаш бил место за ловење на поларните мечки, веќе ја нема таа функција. Мразот на тоа место сосема е испукан. Сега имаме информации не само од научници, туку и од сè поголем број работници на нафтени платформи и вработени во Министерството за одбрана“, нагласи Мордвинцев.

Научниците потврдија и дека мечките по убиството на припадник од својот вид неговото тело го покриваат со снег и мраз за да можат да го искористат и подоцна.

Профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот