Во мрсната тава никогаш не сипувајте врела вода! Најчеста грешка што ја прават сите домаќинки

Кој е најдобриот начин за миење мрсни садови? Сите ја применуваме истата практика – ги натопуваме го во врела вода, а тоа е голема грешка.

Мрсните тави и тенџериња речиси сите ги миеме на ист начин – по пржењето, во нив сипуваме врела вода, чекаме маснотиите да се „растопат“, па ја истураме водата и ставаме детергент. Експертите велат дека ова никогаш не треба да го правиме, а еве и зошто.

Како што истакнуваат, мрсните тенџериња, садови и тави никогаш не треба да се мијат со врела вода, бидејќи на тој начин можеме да го затнеме одводот во кујната. Комбинацијата од топла вода и маснотии што се задржале во тавата може да направи хаос на цевките.

Фото: Sadhana@1986 /Pixahive

Најдобро би било да ја соберете маснотијата од садовите и да ја фрлите во отпадок, пред да ги ставите во мијалникот за да ги измиете. Доколку не успеете да отстраните доволно маснотии, најдобро би било да ја измиете тавата со ладна вода. Подобро е да ја сипете „валканата“ вода во тоалетната шолја (иако и тоа не се препорачува, но е подобро решение отколку директно во мијалникот).

Фото: Wallpaperflare

Ако се прашувате која е разликата кога користите ладна вода за миење и зошто таа е помалку штетна, одговорот е во комбинацијата на врела вода и детергент. Комбинацијата на овие две состојки во интеракција со маснотиите формира емулзија која се лизга низ одводот и, кога ќе се излади, се претвора во цврста маса што може да ги затне цевките.

За да го спречите тоа, задолжително измијте ја тавата или другите мрсни садови со ладна вода. Потоа измијте ги со детергент за садови и со топла вода.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот