Во Лион уапсена воспитувачка од пеколот: Убила бебе со киселина за одзатнување одвод

Unsplash
Бебе/ Фото: МИА

Една 27-годишна воспитувачка во градинка во Лион во Франција убила 11-месечно бебе со средство за чистење одвод зошто, како што изјавила, не можела повеќе да го поднесе плачот на бебето.

Персоналот од итните служби кои дошле на местото на убиството рекол дека девојчето е пронајдено во безживотна состојбаво градинката во Лион и веднаш е префрлено во болница. И покрај обидите за реанимација, детето починали, пренесува Феникс Магазин.

Истражителите најпрво се сомневале на несреќа, но набрзо станало јасно дека воспитувачката го убила бебето.

Воспитувачката дејствувала под налет на бес, пишува весникот Ле Прогрес.

Таа на истражителите им ја открила вистината. На детето му дала да испие течност за чистење на одводи. Девојчето постојано плачело и 27-годишната воспитувачка изјавила дека „повеќе не можела тоа да го поднесе“.

Според пишувањето на Ле Прогрес, течноста која му ја дала на девојчето е DesTop, моќно средство за одзатнување на одводи.

Адвокатот на воспитувачката за локалната телевизија BFMTV изјави дека во нејзините постапки не гледа намера да го убие бебето. Воспитувачката тврди дека на бебето по грешка му дала отровна течност и дека само „сакала да го смири“.

Истрагата е во тек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот