Во летувалиште во Северна Кореја, забележан возот на Ким Џонг Ун

Сателитските снимки кои ги прегледал проектот за следење на Северна Кореја, со седиште во Вашингтон го забележал специјалниот воз, кој веројатно му припаѓа на лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун, е забележан оваа недела во одморалиште во земјата, покажуваат, пренесува Ројтерс.

Проектот за набљудување, 38 Север, во својот извештај наведува дека возот бил паркиран на станицата Вонсан на 21 и 23 април.

Иако групата соопшти дека е веројатно возот на Ким, Ројтерс не е во можност да го потврди тоа, како ни тоа дали возот бил во Вонсан.

„Присуството на возот не докажува каде се наоѓа севернокорејскиот лидер, како и за неговото здравје, но би требало да им даде голема тежина на извештаите дека Ким престојува во елитно подрачје на источниот брег на земјата“, се вели во извештајот.

Кина испрати тим во Северна Кореја, вклучувајќи медицински експерти за да помогнат во лекувањето на Ким.

Претходно јапонските медиуми пренесоа дека севернокорејскиот лидер е во вегетативна состојба. Други светски медиуми пак наведуваат дури и дека Ким Џонг Ун е починат.

Шпекулациите за здравјето на Ким првично се појавија поради неговото отсуство на годишнината од раѓањето на основачот на таткото на Северна Кореја и дедото на Ким, Ким Ил Сунг, на 15 април.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот