Во Косово е основано движење за напуштање на исламската вера

косово
Image: 333666674, License: Royalty-free, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: Natanael Natanael Alfredo Nemanita Ginting / Alamy / Alamy / Profimedia

Во градот Дечани на Косово пред два дена е формирано движењето за откажување од исламската вера, а мотото е-  „Да се биде само Албанец“, пренесуваат косовските медиуми.

Ова движење го формирале околу 70 лица од неколку земји кои се собрале во Дечани, Албанија.

Весел Лекај, еден од основачите, го кажа своето мислење за декларацијата на ова движење и дека во основањето на ова движење во петокот на 20 октомври учествувале околу 70 луѓе.

„На собирот во петокот, 20 октомври 2023 година, група граѓани во Дечани собраа мислители од регионот и од градовите на Косово. Тие зборуваа за екстремизмот и штетите предизвикани од различни сегменти на исламската вероисповед и српското православие. Едногласна изјава дека од денес не сме муслимани“,нарече Лекај.

Според Лекај, косовското општество е задушено од исламскиот екстремизам и дека, според него, тие треба да се отстранат и да се борат против „злото“.

„За Албанците верата е албанизмот, затоа што ние мислиме само албански, затоа што пред сѐ сме Албанци“, додаде Лекај.

Лигата на историчари на Косово „Али Хидри“ во Дечани остро реагираше на „Движењето за напуштање на исламската вера“, обвинувајќи го за пропаганда против религијата и поттикнување омраза, нагласувајќи дека правото на верско уверување е лично.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот