Во Германија во последните 24 часа има нови 590 жртви на коронавирусот

EPA-EFE/EMANUELE VALERI

Во неколку германски држави, вклучувајќи ги Саксонија и Баварија, се оди кон натамошни мерки за затворање.

Во Германија во последните 24 часа се регистрирани 590 смртни случаи од коронавирус, што е најголема бројка на дневна основа, додека истовремено пријавени се 20.815 нови случаи на заразени, соопшти денеска Институтот „Роберт Кох”.

Во неколку германски држави, вклучувајќи ги Саксонија и Баварија, се оди кон натамошни мерки за затворање.

Германските власти вчера предупредија дека континуирано високиот број новозаболени може да доведе до полнење на болниците, како и дека голем број луѓе ги игнорираат воведените мерки со цел да се запре ширењето на епидемијата.

Високи владини претставници, исто така, предложија по Божиќ земјата да се затвори на  две недели, што би значело продолжување на училишниот одмор за една недела и затворање на сите продавници што не е неопходно потребно да работат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот