Во Германија регистрирани над 80.000 новозаразени со ковид-19 за 24 часа

германија ковид
Ковид-19 / Фото: МИА

За првпат од почетокот на пандемијата во Германија се регистрирани над 80.000 новозаразени со ковид-19 за 24 часа, јави ДПА.

Новите случаи на зараза се 80.430 според податоци на институтот Роберт Кох, и тоа е над 21.500 случаи повеќе во споредба од пред една недела.

За седум денови новозаразените на 100 илјади лица се зголемија на 407,5 наспроти 387,9 на 100.000 за седумдневен период ден претходно. Пред една недела таа бројка беше 258,6 на 100.000 луѓе. Бројот на смртни случаи е 384 спрема 346 еднa недела претходно.

Од почетокот на пандемијата во Германија од ковид-19 починале 114.735 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот