Во Црна Гора повторно протести против верскиот закон

Фото: Принтскрин

Во Подгорица литијата низ улиците ја водеше митрополитот црногорско-приморски Амфилохије.

Во неколку градови на Црна Гора и синоќа продолжија протестите против усвојувањето на нацрт-законот за слобода на вероисповеста, јавија црногорските медиуми.

Во Подгорица литијата низ улиците ја водеше митрополитот црногорско-приморски Амфилохије.

По молебенот, литијата тргна низ улиците на Подгорица во 19 часот од Соборниот храм до црквата Свети Макавеј во Толоши и се врати во храмот, пренесува РТЦГ.

Митрополитот Амфилохије се обрати на верниците со порака дека ништо не може да се изгради на основа на беззаконие и дека храмовите се божја сопственост.

Во Беране неколку илјади граѓани, меѓу кои и градоначалникот Драгослав Шчекиќ и голем број локални функционери, се собрале пред општинската зграда, извикувајќи „Не го даваме тоа што ни е свето”.

Синоќа протестираа и голем број жители на Жабјак и Бјело Поле.

Протоереј ставрофор Милан Станишиќ ги повика верниците да бидат достоинствени во протестите против донесување на законот за вероисповест, да ги слушаат своите епископи и митрополити и да го прават тоа што тие го благословуваат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот