Во Црна Гора само со негативен тест, прележан коронавирус или вакцина ќе може да се влезе во угостителските објекти

Фото: EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Владата на Црна Гора донесе мерки против коронавирусот кои ќе важат од денеска до 20 август.

Влегување во внатрешноста на рестораните, како и ноќните клубови и дискотеки е дозволено со еден од следните четири докази – дека лицето е целосно вакцинирано или примило прва доза вакцина, да има негативен ПЦР тест за коронавирус, не постар од 72 часа, доказ дека прележал Ковид-19, доказ за негативен брз антиген тест, не постар од 48 часа.

„Еден од овие услови мора да исполнуваат и сите вработени во угостителството“ изјави директорот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) на Црна Гора, Игор Галиќ.

Сопствениците на објектите се должни да назначат лице кое ќе го контролира поседувањето докази за вакцинација или негативни тестови.

Малолетниците не се обврзани да ги исполнуваат овие услови, освен кога влегуваат во дискотеки или ноќни клубови.

Под истите услови, дозволено е присуство на спортски настани на отворено и затворено. Масовните собири и фестивали што не можат да се контролираат во ограничен простор се одложуваат до 20 август.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот