Во Брисел продолжија експертските разговори меѓу Белград и Приштина

Фото: Твитер

Експертски тимови од Белград и Приштина денеска ги продолжија разговорите во рамки на дијалогот за нормализирање на односите со посредство на ЕУ.

Ова е четврти состанок на експертско ниво од продолжувањето на дијалогот Белград-Приштина во јули оваа година.

Во Брисел е најавено дека за време на викендот, двете делегации ќе разговараат за веќе започнатите теми во врска со исчезнатите и раселените лица, како и за економските односи.

Како што пренесуваат агенциите, иако не е постигнат задоволителен напредок во претходните три рунди експертски состаноци, според белградската делегација, медијаторите на ЕУ очекуваат разговорите за темите да бидат финализирани во сабота и недела, со цел на состанокот на 7 септември во Брисел меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Авдулах Хоти да се отворат три нови поглавја: позицијата на немнозинските заедници, меѓусебните побарувања и имотот.

Најавена е и забрзана динамика на преговорите во рамките на дијалогот за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина, при што експертите ќе се состануваат на секои 10 дена, а лидерите на секои 20 дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот