Во Босна не веруваат колку гласови добила на изборите инфлуенсерка со 177.000 следбеници!

Фото: Инстаграм

На Инстаграм ја следат 177.000 луѓе, но кога требаа да го заокружат нејзиното име на изборите во Босна и Херцеговина, тоа го направиле само 88 луѓе.

Инфлуенсерката Емина Јахиќ била кандидатка на Демократскиот фронт за општината Тузла.

Нејзината кандитатура предизвикала големо внимание на целиот Балкан, а медиумите пренесуваа дека на изборите ќе учествува девојка со 177.000 следбеници. Иако некои веруваа дека со таква база на фанови, таа со сигурност ќе влезе во советот на општината, се покажа дека за неа гласале само 88 луѓе.

Фото: Инстаграм

– Еден од проблемите на кои сакам да се фокусирам, а со кој многумина се сретнуваат е стекнување на работно искуство како услов за вработување. Во наредниот период сакам да ги слушнам вашите проблеми и предлози како со заеднички сили да се избориме за своите права – било едно од нејзините предизборини ветувања, но…

Преземено од Еспресо.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот