Во близина на Флорида пронајден дел од познато вселенско летало од 1986 година
Голем дел од уништеното вселенско летало „Челинџер“ е пронајдено закопано во песок на дното на Атлантикот, повеќе од три децении по трагедијата во која загинал првиот американски учител кој летал во вселената и уште шест други астронаути.
Препорачано
Тоа е едно од најголемите парчиња од леталото „Челинџер“ пронајдени некогаш по неговиот пад, изјави Мајкл Сианили, менаџер на НАСА за остатоците од изгубените вселенски бродови „Челинџер“ и „Колумбија“.
Дел од леталото први го забележале нуркачите на екипата кои снимале документарец за целосно друга работа. Тие барале урнат авион од Втората светска војна. НАСА неодамна потврди дека исчезнатото вселенско летало се распаднало набргу по полетувањето на 28 јануари 1986 година. Сите седум астронаути загинале, вклучувајќи ја и првата учителка која отишла во вселената, Криста Мекалиф, пишува ЛА Тајмс.
Пронајдениот дел од леталото е поголем од 4 метри, а поради квадратните термо плочки се смета дека е дел од внатрешноста на леталото. Фрагментот ќе остане на дното на океанот веднаш до брегот на Флорида во близина на Кејп Канаверал додека НАСА не одлучи што да прави со него.


