Во БиХ не престанува да тресе: Утринава нов земјотрес во Невесиње

земјотрес / илустрација

Послав земјотрес, со јачина од 2,7 степени по Рихтеровата скала, рано утринава е забележан североисточно до местото Невесиње во Босна и Херцеговина.

Земјотресот е регистриран во 4.48 часот, на 23 километри североисточно од Невесиње, а 45 километри јужно од Сараево, објави Евромедитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Епицентарот на регистриран на длабочина од 10 километри.

Ова е шестиот земјотрес кој во последните 24 часа го погоди подрачјето на БиХ, а епицентарот повторно бил на подрачјето околу Невесињ, напоменува „Кликс.ба“.

Најсилниот земјотрес кој вчера ја погоди БиХ беше со силина од 5,4 степени по Рихтеровата скала. Разорен земјотрес, со јачина од 6,4 степени вчераутро ја погоди Албанија, а притоа загинаа најмалку 24 луѓе и повредени беа над 600 лица и направена е голема материјална штета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот