Во Берлин пронајдена бомба од Втората светска војна, итно евакуирани 7.500 луѓе

берлин автомобил хорор
Берлин, Германија / EPA-EFE/FILIP SINGER

За време на градежни работи во Берлин пронајден е остаток од бомба од Втората светска војна, тешка 250 килограми. Работниците ја пронашле бомбата малку пред пладне додека ископувале градилиште во берлинската населба Шмаргендорф. Бидејќи бомбата не претставувала непосредна закана, полициските форензичари одлучиле утре да ја отстранат.

Местото каде што е пронајдена неексплодираната бомба во моментов е оградено и деноноќно е чувано од полицијата. Од безбедносни причини, областа е блокирана во радиус од 500 метри околу бомбата.

Според полицијата, со мерките за евакуација биле зафатени околу 7.500 лица кои ќе бидат евакуирани во сместувачките капацитети кои поради ваквата состојба итно биле поставени.

Зафатени се три градинки и 30 станбени блокови. Откако ќе се завршат мерките за евакуација и ќе се постават сообраќајните бариери, треба да започне деактивирањето на бомбата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот