Во Барселона стигна понуда од 15 милиони евра за Франк Кесие

фото: EPA-EFE/Enric Fontcuberta

Раководството на Ал Ахли ѝ понудила на Барселона 15 милиони евра за фудбалскиот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска, Франк Кесие, тврди познатиот италијански новинар Фабрицио Романо.

Кесие (26) има договор со Барселона до 30 јуни 2026 година. Наводно, првите луѓе на Ал Ахли му понудиле на играчот од средниот ред тригодишен договор, но финансиските детали не се откриени.

Каталонскиот гигант е подготвен да го продаде фудбалерот, а преговорите меѓу претставниците на двата клуба треба да се водат во наредните денови.

Кесие во Барса пристигна во 2022 година од Милан, а претходно играше за Чезена и Аталанта. Тој во минатата сезона имаше 43 настапи за Барселона и постигна три гола.

Инаку во редовите на Ал Ахли настапуваат веќе неколку познати фудбалери како Фирмино, Марез, Менди, а тука е и македонскиот репрезентативец Алиоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот