Грчка полиција / Фото EPA-EFE/ALEXANDER BELTES

Во Атина е прогласена вонредна состојба поради фајнал-фор турнирот од Евролигата

Грчката полиција воведе засилени безбедносни мерки во Атина пред почетокот на завршниот турнир во Евролигата, со цел да се спречат евентуални инциденти и нарушување на јавниот ред.

Според одлуката на безбедносните служби, забранети се сите јавни собири на отворено, како и организирани навивачки колони со автомобили и мотори во централното градско подрачје.

Мерките стапија на сила од денеска од 6 часот наутро и ќе важат до понеделник, 25 мај, во истиот термин. Забраната ќе се однесува на строго определен безбедносен појас во центарот на Атина.

Од грчката полиција посочуваат дека поради големиот број навивачи кои се очекуваат во градот, секое масовно собирање или неконтролирано движење на навивачки групи би можело да предизвика судири на улиците и сериозен сообраќаен хаос. Поради тоа, надлежните оцениле дека поблаги мерки не би биле доволни за нормално функционирање на главниот град и зачувување на безбедноста.

Фајнал-фор турнирот започнува во петок со полуфиналните натпревари, во кои ќе се соочат Реал Мадрид и Валенсија, односно Олимпијакос и Фенербахче. Натпреварите ќе се играат во арената „ОАКА“ во Атина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот