Во ,,8 Септември” четворица симнати од респиратор, а петмина од контролирана вентилација

Во градската општа болница ,,8 Септември” од почетокот на пандемијата до сега, симнати од респиратор се четворица пациенти со тешки компликации од коронавирусот, дознава ,,Слободен печат од свои доброупатени извори од болницата. Петмина пациенти пак, биле екстубирани од таканаречена ,,СИПАП” маска, односно контролирана вентилација.

Ноќеска во болницата биле примени деветмина пациенти, со тешки пневмонии. Утринава ќе бидат испишани десетмина кои ќе треба лекувањето да го продолжат во домашни услови. Во Ковид центарот, како што дознаваме од официјални извори на болницата, изминатото деноноќие починале двајца пациенти, на возраст од 65 и 70 години.

Директорот на болницата, доктор Христијан Костов за ,,Слободен печат” изјави дека дел од персоналот на болницата кој беше заболен од коронавирусот е повторно на работните места по два негативни резултати.

Прочитајте и...  Шекеринска: Нашите тројца мировници во Либан се безбедни

-Добри сме со персоналот, повеќето оздравеа и се вратија на работа. Имаме и помош од шестмина специјалисти од повеќе градови кои дојдоа да ни помогнат. Имаме и двајца нови анестезиолози кои дојдоа од Клиника, за да ги заменат колегите што заминаа во приватното здравство.

Запрашан за возраста на пациентите кои се примаат во ,,8 Септември”, директорот рече дека има и млади и повозрасни пациенти што се хоспитализирани.

– Вчера примивме 42 годишен пациент со сатурација 30, многу ниска. Се лекувал дома. Му дадовме ударни дози терапии и се надеваме дека ќе делуваат. Имаме и пациенти што се млади, на 37 годишна возраст со цитокинска бура, на 28 годишна возраст. Тие се будни и дишат преку кислородна поддршка. Моментално потврдени позитивни во болницата имаме 110, објасни доктор Костов.

Прочитајте и...  Интерпол: Интернет-криминалците ја користат пандемијата за да напаѓаат поголеми цели

Прочитај повеќе

Нов транскрипт открива што Клинтон му рекол на Путин за Милошевиќ: Веројатно ќе ги искраде изборите

Слободен печат

Владата го усвои полугодишниот Извештај за извршување на Буџетот

Маријана Митровска

ВМРО-ДПМНЕ ниту ги потврдува, ниту демантира написите на „Лајм“

Слободен печат

Трагичен биланс од експлозијата во Бејрут: Загинаа 135 лица, над 5.000 повредени и стотина исчезнати

Слободен печат

Италија и Шведска имаа целосно различни пристапи, а сега се мирни: Вирусот го држат под контрола додека светот и натаму се бори

Слободен печат

„Лајм“: Eдинствената „задача“ на Мицкоски е да го убеди Апасиев да поддржи влада со премиер Албанец

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

ШОК И ЛЕЛЕЦИ ВО ЖИВО: Експлозијата ја турна новинарката на Би Би Си додека разговараше, соговорникот остана збунет (ВИДЕО)

Слободен печат

Метју Палмер: Очекуваме добар и силен партнер во новата влада на Северна Македонија

Слободен печат

Рајанер не ги почитува правилата против коронавирусот, Италија се заканува со запирање на летовите

Слободен печат

Ристиќ: Пластични шишиња и друг отпад со саати и саати течат со Вардар (ВИДЕО)

Слободен печат

Њујорк воведува контролни пунктови на влезовите во градот поради Ковид-19

Слободен печат

Тачи бара Финансиска полиција да истражува трансфер на пари од Иран

Слободен печат