Џек Шлосберг / Џон Ф. Кенеди Помладиот и Керолин Бисет / Фото: Скриншот/Јутјуб/Profimedia

ВИДЕО | Внукот на Кенеди ја искритикува серијата за вујко му: „Продуцентот не знае ништо за моето семејство, ова е фикција“

Внукот на поранешниот американски претседател Џон Ф. Кенеди, Џек Шлосберг, повторно остро реагираше на серијата „Љубовна приказна: Џон Ф. Кенеди Помладиот и Керолин Бисет“, чиј креатор е Рајан Марфи.

Серијата ја следи љубовната приказна на Џон Ф. Кенеди Помладиот и Керолин Бисет – Кенеди, кои трагично загинаа во авионска несреќа во 1999 година. Џек Шлосберг е син на сестрата на Џон Кенеди Помладиот, Керолајн Кенеди, и Едвин Шлосберг.

Во интервју за утринската прогама на Си-би-ес, Шлосберг изјави дека серијата претставува фикција и дека продуцентот „нема поим за што зборува“.

„Ако сакате да слушнете некого што никогаш не запознал член од моето семејство и не знае ништо за нас – прашајте го Рајан Марфи. Би сакал гледачите да ја гледаат серијата со една буква на ум – големо ‘Ф’ за фикција“, рече тој.

Тој предложи дел од заработката од проектот да биде донирана во Претседателската библиотека и музеј „Џон Ф. Кенеди“, институција посветена на наследството на Џон Ф. Кенеди.

Да потсетиме, Рајан Марфи претходно изјави дека не бил подготвен за реакцијата од семејството Кенеди, нагласувајќи дека серијата е „љубовна приказна, а не напад“. Тој додаде дека ниту еден филм или серија за Кенеди никогаш не биле официјално одобрени од семејството.

Извршните продуценти истакнаа дека проектот е направен со почит кон вистинската трагедија, иако признаа дека немале директна комуникација со семејството.

Финалето на серијата е закажано за 26 март.

Американската бајка со трагичен крај: Љубовната приказна на Џон Кенеди Помладиот и Керолин Бисет

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот