Внуката на Трамп побара тој да си даде оставка, еве зошто (ВИДЕО)

Во интервјуто, писателката вели и дека дедо ѝ, таткото на Доналд – Фредерик Трамп бил социопат кој ги злоупотребувал своите деца.

Внуката на американскиот претседател Доналд Трамп, Мери Трамп во вчерашното интервју раскажа како го посетила чичко ѝ пред четири години – само три месеци откако бил избран за шеф на државата.

Според неа, претседателот и тогаш „изгледал уморно“ и тешко се носел со притисокот. Таа инаку, вчера ја издаде книгата „Премногу и никогаш доволно: Како моето семејство го создаде најопасниот човек на светот“ (Too Much and Never Enough: How My Family Created the World’s Most Dangerous Man). Другиот нејзин чичко, Роберт се обиде и да го спречи издавањето на ова дело.

Во интервјуто, писателката вели и дека дедо ѝ, таткото на Доналд – Фредерик Трамп бил социопат кој ги злоупотребувал своите деца. Потоа сведочеше дека проблемите во семејството настанале кога тој починал 1999 година и не ја спомнал Мери во тестаментот. Следувале и судски процеси.

Прашана, во случај моментно да е во Овалната соба, што би го посоветувала чичко ѝ, таа кусо одговори: да си даде оставка!

По повод издавањето на книгата, Белата куќе издаде соопштение каде што се вели дека „оваа книга е само во полза на финансискиот личен интерес“ на авторката.

„Претседателот Трамп повеќе од три години работи во име на американскиот народ – зошто да зборуваме сега? Претседателот ги опишува односите што ги имал со неговиот татко како ’топли’ и смета дека неговиот татко бил многу добар за него. Тој истакнува дека неговиот татко бил грижлив и воопшто не бил суров кон него како дете“, се вели во изјавата.  

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот