Внуката на фашистичкиот диктатор Мусолини е најпопуларна на изборите во Рим

Ракела Мусолини/ Фото: ЕПА

Ракела Мусолини, внука на италијанскиот фашистички диктатор Бенито Мусолини, освои најмногу гласови на изборите за градскиот совет во Рим, покажале официјалните резултати, пишува Си-Ен-Ен.

Застапувајќи ги „Браќата на Италија“ (Fratelli d’Italia), што доаѓа од неофашистичката конзервативна партија на Италијанското социјално движење, Мусолини доби 8.264 гласови, Во интервју за весникот „Ла Република“ во средата, Мусолини рече дека верува дека гласачите помалку се фокусирале на нејзиното презиме и повеќе на „иницијативите“ што ги започна за време на нејзиниот мандат во градскиот совет.

„На училиште покажуваа со прст кон мене, но потоа се појави Ракела и лицето преовлада над презимето, без разлика колку беше оптоварувачко тоа име“, рече внуката на Мусолини.

Запрашана за нејзините ставови за фашизмот, Ракела одговори за италијански весник: „За да се занимаваме со оваа тема, ќе треба да разговараме до утре наутро“.

Ракела Мусолини не е првиот потомок на италијански диктатор кој влегол во политиката. Нејзината полусестра Алесандра Мусолини беше пратеник во централно-десничарската Народна партија на слободата (Il Popolo della Libertà) на Силвио Берлускони, а исто така беше и пратеник во Европскиот парламент.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот