Зонско паркирање - Градски паркинг / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Внимавајте, во сите зони на „Градски паркинг“ од денеска се плаќа до 23 часот!

Во сите зони во надлежност на ЈП „Градски паркинг“ од денеска започнува летното работно време, што значи дека паркирањето од понеделник до сабота ќе се наплаќа од 7 до 23 часот.

Од претпријатието им препорачуваат на сите корисници на нивните услуги да бидат внимателни и навремено да извршат наплата при паркирање согласно наведеното работно време

Ваквото работно време во зоните А, Б, Ц и Д ќе важи до први октомври кога започнува зимскиот ред на наплата, кога во зоните А, Б и Ц од понеделник до петок се плаќа за паркирање во периодот од 7 до 21 часот, а во сабота од 7 до 14 часот. Зоната Д, која е најевтина и каде паркирањето чини 25 денари од час,  има исто работно време во текот на целата година и е непроменливо – од 7 до 23 часот.

Паркирањето во зоните е бесплатно само во недела и на државен празник.

„ПОЦ“: Новиот систем за паркирање ќе биде фер за сите жители и ќе ги намали злоупотребите на јавните паркинзи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот