Сообраќај на пат во снег / фото: архива

Внимавајте вечерва на патиштата, нема каде не е мокро и лизгаво

Сообраќајот низ државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Сите патни правци се проодни, но на делници кои минуваат низ усеци и клисури можно е појава на поситни одрони, соопштуваат од ЈП „Македонијапат“.

Слаби врнежи од снег се забележани на Попова Шапка, додека во Македонски Брод, Крушево и Ресен има врнежи од снег проследени со дожд.

Од Јавното претпријатие апелираат до возачите на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодување на брзината според условите на патот.

Дежурните екипи на претпријатието се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот