Фото: Илустрација / Wikimedia Commons

Внимавајте ако одите во Улцињ летово — казни до 500 евра за шетање во костим за капење низ град

Во општината Улцињ во Црна Гора се воведени нови правила со кои се забранува движење во костим за капење или без дел од облека на јавни површини надвор од зоните за капење. За прекршителите е предвидена парична казна од 150 до 500 евра, пишува „Вијести“.

Во Одлуката за комунален ред се наведува дека новите правила се воведуваат со цел заштита на комуналниот ред, достоинството на градот и уредениот изглед на јавните површини. Лице кое ќе биде затекнато во костим за капење или без дел од облека надвор од зоната за капење ќе биде казнето од 150 до 500 евра.

Тоа стои во Одлуката за дополнување на Одлуката за комунален ред, која е усвоена на седница на улцинскиот парламент во четвртокот минатата недела.

„Заради заштита на комуналниот ред, достоинството на градот и уредениот изглед на јавните површини, забрането е движење во костим за капење или без дел од облека на јавните површини во населби со градски карактер, приградски населби и туристички локации на територијата на општина Улцињ, освен во зоните за капење – плажи и непосредниот крајбрежен појас наменет за капење. Одредбата од став 1 особено се однесува на улици, плоштади, шеталишта, пешачки зони, паркови и други јавни површини кои не се одредени како зони за капење“, стои во новиот член од усвоената одлука.

Со вториот член од одлуката е прецизирано дека за овој прекршок лицето ќе биде казнето со парична казна од 150 до 500 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот