ВМРО-ДПМНЕ: Темата корона Филипче ја користи за ПР и себепромоција иако резултатите се поразителни

Наместо Венко Филипче да дава апели со граѓаните, граѓаните апелираат до Филипче сериозно да ја сфати улогата и да превземе мерки против корона заразата, реагираат од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ на вечерашното гостување на актуелниот министер за здравство Венко Филипче.

-Корона заразата премина во фијаско и државата споредено со сите околни земји убедливо најлошо се справува со короната. Филипче, Заев и Спасовски беше триото кое прогласи победа против пандемијата која од тогаш до сега одзема стотици животи. Наместо ПР Филипче преку државните механизми да превземе мерки за ублажување на последиците. Темата корона Филипче исто како и Заев ја користи за ПР и себепромоција иако резултатите се поразителни- наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Филипче е во право, потенцираат оттаму, кога вели дека вирусот не познава возрасни граници, но воедно и популизмот и неспособноста на Филипче исто не познаваат граници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот