Драган Ковачки / Фото: ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ објави „внатрешна модернизација и кадровско освежување“, го избра Драган Ковачки за генерален секретар

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека Централниот комитет на партијата на денешната седница донел „клучни одлуки за внатрешна модернизација и кадровско освежување“. Во таа насока, владејачката партија како најважна промена го наведува изборот на пратеникот Драган Ковачки на функцијата генерален секретар.

Како што изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски, новиот состав на Извршниот комитет (ИК) претставува „спој на политичко искуство и нови лица, со цел создавање ефикасна структура која ќе одговори на потребите на граѓаните во наредниот период“.

Еве кои се членовите на новоизбраниот Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ:

Драган Ковачки – Генерален секретар
Ивица Томовски – Организационен секретар
Владимир Нелоски – Шеф на кабинет
Александар Николоски – Вицепремиер и министер за транспорт
Владо Мисајловски – Министер за одбрана
Гордана Димитријеска-Кочоска – Министер за финансии
Тимчо Муцунски – Министер за надворешни работи и надворешна трговија
Никола Мицевски – Координатор на пратеничката група (по функција)
Антонио Милошоски – Потпретседател на Собранието
Игор Јанушев – Генерален секретар на Владата
Марија Митева – Портпарол на Владата
Стефан Андоновски – Министер за дигитална трансформација
Орце Ѓорѓиевски – Градоначалник на Општина Кисела Вода
Кирил Пецаков – Градоначалник на Охрид
Онер Јакуповски – Градоначалник на Маврово и Ростуше
Во составот влегуваат и пратениците Дафина Стојановска, Рашела Мизрахи, Ели Панова и Драгана Бојковска, како и Влатко Ѓорчев, Луке Галески, Марија Андоновска, Синиша Стојановски, Филип Поповски, Бобан Николовски и Благоја Шеминов.

Томовски, Сајкоски и Ковачки во трка за нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот