Фото: архива на „Слободен печат“

ВМРО-ДПМНЕ: Ниту се преговара, ниту се планираат мигрантски кампови во Македонија

„Македонија нема, не планира и не преговара за отворање мигрантски кампови“, соопшти денеска владејачката ВМРО-ДПМНЕ, откако британски „Тајмс“ објави дека македонската влада влегла во формални разговори со Велика Британија околу прифаќањето мигранти, односно баратели на азил на кои им е одбиено барањето во Обединетото Кралство.

На објавената вест претходно реагираше СДСМ, која го обвини премиерот Христијан Мицкоски за „најголемо предавство во историјата“. Одговорот на ВМРО-ДПМНЕ е насочен кон опозициската партија.

Според ВМРО-ДПМНЕ, ова обвинување „е уште една лага од фабриката на СДСМ, партија пред „само неколку години молчеше пред најголемиот мигрантски бран и ја претвори државата во транзитна зона без контрола“.

Социјалдемократите денеска го изнесоа тоа обвинување врз основа на информации што ги објавија дел од британските медиуми, според кои, „Владата на Христијан Мицкоски официјално преговара со Велика Британија за депортирање одбиени баратели на азил во Северна Македонија“.

Од ВМРО-ДПМНЕ понатаму велат дека СДСМ „кога нема аргументи, кога фактите им се против нив, бега во фантазии и хорор-сценарија“.

-Криминалците за да се спасат од одговорност се подготвени да измислат колонизација на марсовци во Македонија само за да создадат паника кај народот. Но колку и да шират страв, вистината останува: Македонија денес е безбедна, стабилна и водена од одговорна Влада, а не од луѓе кои политиката ја разбираат како фабрика за лаги и криминално богатење – се наведува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Николоски во Лондон го потпиша најголемото задолжување во независна Македонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот