СДСМ
СДСМ / Фото: МИА

СДСМ: Мицкоски за пари ја претвора државата во мигрантски камп

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) реагира на веста која денеска ја објави британски „Тајмс“ – дека македонските власти формално преговараат со британските за прифаќање мигранти кои ќе бидат одбиени за азил во Велика Британија.

„Предавникот Мицкоски, кој се колнеше во татковина и викаше дека „шанса нема“ да има кампови, преговара да ја направи Македонија депонија за мигранти. Со ова предавство државата станува отпадна периферија на Европа. Според текстот, разговорите почнале уште во раната есен, во период кога Мицкоски во земјата глумеше патриот и уверуваше дека нема да се отвораат кампови. За секој примен мигрант, Мицкоски и владата ќе добиваат пари од Британија. Тоа значи дека Мицкоски ја продава државата, ја претвора во мигрантски логор за ситни пари. Ова е трговија со суверенитетот, со безбедноста и со иднината на нашите граѓани!“, велат од СДСМ.

Од партијата, во соопштението кое изобилува со „тешки“ зборови, го нарекуваат ова „најголема политичка перверзија и предавство во историјата на државата“.

„Уште пострашно е што, според „Тајмс“, мигрантите ќе имаат можност да бараат азил и да работат во Македонија. Ова значи дека владата планира трајно населување и отворање на пазарот на труд за мигранти во градежништвото и други гранки. Истата таа ВМРО–ДПМНЕ која собираше потписи и организираше протести против „измислени мигрантски кампови“ сега ја спроведува вистинската шема за нивно отворање. Ова ли е патриотизмот, Мицкоски? Од денес ти си предавникот на македонскиот народ, трговец кој ги продава граѓаните и безбедноста затоа што му требаат пари. Зад завесите се случува најголемата политичка перверзија и предавство во историјата на државата“, пишува во острата реакција од опозициската партија.

Ова, според СДСМ, е „прашање за опстанокот на државата“.

„Мицкоски ја стави Македонија на продажба, ја претвора во мигрантска периферна зона на Балканот, земја без контрола, без достоинство и без иднина. СДСМ најостро се спротивставува на ваквите тајни договори и бара премиерот веднаш да ја објави целата содржина на разговорите со Британија и да одговори јавно: Дали за неколку милиони евра подготвува да ја претвори Македонија во најголемиот мигрантски центар на Балканот?“, додаваат од партијата.

Николоски во Лондон го потпиша најголемото задолжување во независна Македонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот