ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Лозово заеднички го изгласаа 16-кракото сонце за знаме на општината

Фото: МКД.мк

Советот на општината Лозово денеска со седум гласа „за“ и два против го усвои предлогот 16-крако жолто сонце со десет сини цвета во внатрешниот дел на црвена подлога да биде официјално знаме на општината. Предлогот беше поднесен од Зоран Иванов, советник од ТМРО, објави претседателот на ТМРО, Ванчо Шехтански.

За предлогот гласаа тројца советници од ВМРО-ДПМНЕ, тројца од СДСМ и советникот Иванов. Против беа советникот од ЛДП-ДОМ, како и независниот советник, велат од ТМРО.

„Тргнувајќи од историскиот факт дека Република Македонија 1991 е конституирана како матична држава на македонскиот народ, наша должност како Македонци е да го чуваме и негуваме македонскиот идентитет и обележјата на секаде, вклучително и општините. Очекуваме советниците да го изгласаат македонското 16-крако сонце за знаме на Општината или во спротивно со референдум тоа ќе го направат жителите“, пишува во предлогот на ТМРО.

„Велигденскиот подарок за Македонците каде и да се. Сакам да ве известам дека денес успеавме и ова е за прв пат во Македонија ,Македонскиот национален симбол да биде официјален во една општина. Се надевам дека предлогот на ТМРО ќе биде прифатен и во други општини“, напиша Шехтански на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот