Украина ќе се обновува со 3,4 милијарди долари од Светска банка
Украина треба да добие дополнителна помош од Светска банка во износ од три милијарди и триста деведесет милиони долари, соопшти денеска украинската премиерка Јулија Свириденко на Конференцијата за закрепнување на Украина, каде што се сретна со претседателот на Светска банка, Аџај Банга, јави ДПА.
Препорачано
Од вкупната сума, две милијарди и триста педесет милиони долари треба да бидат обезбедени како грантови за стабилизација на Украина и на нејзината економија.
Дополнителни една милијарда и четириесет милиони долари треба да му бидат позајмени на Киев, наменети посебно за економски развој, со гаранции од Велика Британија и Јапонија.
Германската агенција наведува дека не се објавени детали за тоа кога ќе бидат исплатени средствата.
Украина во голема мера зависи од странската помош додека се обидува да се одбрани од целосната руска инвазија, која започна во февруари две илјади дваесет и втора година.
Домаќини на Конференцијата за закрепнување на Украина се полскиот премиер Доналд Туск и неговата украинска колешка Јулија Свириденко.
На состанокот во полскиот град Гдањск учествуваат ЕУ, Групата седум, Светската банка, други институции, како и бројни претставници на компании.
Нема договор за продолжување на мировните преговори со Украина, велат од Кремљ


