ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се препукуваат за Универзалната сала што изгоре до темел

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се обвинуваат меѓусебно за состојбата во која се наоѓаше Универзалната сала во Скопје а која вчера изгоре до темел.

Дали партиска фирма изведувач, блиска до врвот на СДСМ е причина за молкот на Ковачевски и Бисера Костадиновска околу пожарот во Универзална? Дали партиска фирма изведувач, блиска до врвот на СДСМ е причина за молкот на Ковачевски и Бисера Костадиновска околу пожарот во Универзална? 24 часа молк од СДСМ која е фирмата која е ангажирана за извршување на градежни активности на Универзална сала, и дали таа е блиска си врвот на нивната партија? Ковачевски и Бисера Костадиновска молчат и за тоа какви материјали се вградувани. Дали е градено според стандарди или како и се до сега со СДСМ што им се видело поевтино за да имаат простор за големи маржи за нечии џебови? Власта молчи и за надзорот и дали тој го одобрил сето тоа што до сега било направено. Многу прашања, малку одговори. СДСМ молчат, затоа што заради нивната неспособност и криминал изгоре Универзална сала, напишаа од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ одговорија дека ВМРО-ДПМНЕ ја остави Универзална сала да се распаѓа, иако беше започнат процесот за реконструкција од страна на претходната локална власт на СДСМ.

Култниот објект и симбол на Скопје, две години го оставија на забот на времето, да пропаѓа и од внатре и од надвор, па дури и предавањето на реконструкцијата на Универзална сала на Министерството за култура им беше проблем. ВМРО-ДПМНЕ во програмата за локланите им вети на граѓаните реконструкција на Универзална сала, тоа не се случи. Тоа е уште едно неостварено ветување на неспособната локалната власт на ДПМНЕ и нивната градоначалничка во Скопје. Ветуваа модерно Скопје, а испорачаа хаотичен и нечист град, со нефункционални јавни претпријатија, потонати во долгови. Ветуваа бесплатен јавен превоз, па, за прв пат во историјата, ги оставија Скопјани без превоз. Го прекинаа започнатиот проект БРТ за еколошки превоз и ветија нови 250 нови автобуси, кои никаде ги нема, додека овие старите се проретчени и нередовни. Ветуваа мега паркови, а градот е нечист, депонии никнуваат насекаде. Скопје е пример како владее ВМРО-ДПМНЕ, Скопје е пример за нивните нереализирани ветувања, се наведува во партиската реакција од СДСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот