ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе поднесе пријава против Џафери, на потег е Минов

Талат Џафери / Утрински брифинг
Талат Џафери / Утрински брифинг

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието ќе поднесе пријава до Комисијата за деловнички и мандатно имунитетски прашања против претседателот на Собранието Талат Џафери за аудиосниомката на која се слуша како првиот парламентарец вика и навредува собраниски службеници.

Пријавата е поради прекршување на етичкиот Кодекс на пратениците од страна на претседателот на Собранието и како што веќе најави ВМРО-ДПМНЕ со пријавата ќе достават докази, но и сведоци за скандалот на Џафери. Според информации од пратеничката група, освен аудиоснимката на која се слуша како Џафери вулгарно им се обраќа на собраниските службеници, на комисиската расправа ќе повикаат и тројца или четворица сведоци кои биле присутни во салата за време на инцидентот. За барањето претседателот на Комисијата Минов да свика седница, ВМРО-ДПМНЕ ќе се повика на собранискиот Деловник, како и на етичкиот Кодекс.

ВМРО-ДПМНЕ веќе го повика претседателот на Комисијата Панчо Минов да свика седница за инцидентот на Џафери, на што тој одговори дека Комисијата ќе расправа само доколку добие пријава од пратеник.

Во зависност од оценката на членовите на Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања за тежината на прекршокот, може да се изрече  јавна опомена или да се донесе одлука и за суспензија на пратеник во траење од еден месец или забрана да претседава со работните тела на Собранието во траење до еден месец.

Николовски, Силјановска и Лозановска ќе сведочат за вулгарностите на Џафери кон службениците

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот