ВМРО – ДПМНЕ : Арсовска бара 11 милиони денари за ПР услуги, а нема пари за превозниците на кои им должи

Фото: принтскрин

ВМРО – ДПМНЕ : Арсовска бара 11 милиони за ПР услуги, а нема пари за превозниците на кои им должи

ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува градоначалничката Данела Арсовска дека побарува 11 милиони денари за пресконференции и приватна продукција за медиумски активности. Пари кои ги бара, како што е наведено, за подобрување на транспарентноста.

  • Не и се потребни 11 милиоми денари, ниту на неа, ниту на Секретарот на градот Скопје за да не бегаат од новинари, кога бараат одговор на прашањата кои ги мачат граѓаните. Арсовска наместо да фрла 11 милиони денари за видеа и разни други форми на комуникација, може да почне со плаќање на долгот кој го има ЈСП кон приватните превозници, а кој го потврди и УЈП дека е точно 1.5 милион евра. А за ПР и видео материјали, Арсовска има Сектор за поддршка на градоначалникот и Одделение за односи со јавноста, каде има раководител и 8 вработени, кои се задолжени за информирање, пресконференции, анализи и изработка на ПР материјали за промоција на градот. Арсовска очигледно дека сака овие 11 милиони да ги троши на чиста лична пропаганда – се вели во соопштението на Центарот за комуникација на ВМРО-ДПМНЕ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот