ВМФЛ: Тетекс во натпревар со седум гола го изненади Кожуф, Беса со сигурна победа остана лидер
Фудбалерите на Беса остануваат осамени лидери во Втората македонска фудбалска лига откако денес со 0:2 беа подобри од Караорман, нивниот главен конкурент Кожуф беше поразен од Тетекс со 3:4.
Препорачано
Поразот на Кожуф од Тетекс е најголемото изненадување во денешните натпревари од Втората лига. Тетекс имаше водство и од 0:3, а домаќините на двапати доаѓаа до два гола негатива, а во финишот постигнаа гол за конечните 3:4. Сепак, немаа сили за големо враќање и освојување барем бод. Беса до победа со 0:2 дојде со головите на Белули и Таипи во првото и второто полувреме.
Охрид запиша минимална победа против Беласица со голот на Мартин Ѓорѓиевски во 61. минута. Скопје дома со истиот резултат беше подобар од Арсими, како и Пелисте од Вардар Неготино. Осогово со 2:1 славеше дома против Новаци. Најубедливиот триумф денес го запиша Детони Плачковица над Башкими со 7:0.
ВМФЛ РЕЗУЛТАТИ 7.КОЛО
Беласица – Охрид 0-1
Детонит Плачковица – Башкими 7-0
Скопје – Арсими 1-0
Каменица Саса – Победа 2-1
Караорман – Беса 0-2
Кожуф – Тетекс 3-4
Новаци – Осогово 1-2
Вардар Неготино – Пелистер 0-1


